Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој се одржа од 23 до 27 мај, ги додели признанијата за најдобри изданија во изминатите две години. Наградата за најдобра сликовница ја доби „Невидлива куќа“, по текст на Билјана Црвенковска, со илустрации на Ване Костуранов, во издание на „Чудна шума“ од 2021 година. Признанието за […]
Креативна работилница за деца24 МАЈ, СредаПочеток: 11 часот„Свет со љубов“ е насловот на креативна работилница за деца која ликовниот уметник и едукатор Доротеј Нешовски ќе ја одржи во Музејот на град Скопје.Работилницата е наменета за деца и се одржува во рамките на 5. издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2023“. […]
Петмина македонски илустратори ќе им се придружат на реномираните колеги – мултимедијални уметници од Хрватска на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023 што ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Тоа се дипломираните академски уметници Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи […]
26 МАЈ, ПЕТОК „ШТО СÈ“ – РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЛУСТРАЦИЈА СО НИКОЛИНА МАНОЈЛОВИЌ ВРАЧАР – ХРВАТСКА / 17 часот „Што сè – илустрирана енциклопедија на глаголи“ е темата на ликовната работилница што ќе ја одржи Николина Манојловиќ Врачар, мултимедијалната уметница од Хрватска, во рамките на 5. издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца […]
Од врвен илустратор во регионот научете ги тајните на професионалната илустрација.Доминик Вуковиќ е еден од екслузивните гости на 5. издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2023“. Тој ќе одржи дводневна работилница за професионални илустратори на 25 и 26 мај во Музејот на град Скопје.Искориститете ја ретката можност од прва рака […]
Како од песна да направите илустрација? Низ овој невообичаен предизвик ќе ве води фантастичната илустраторка Бранка Холингсворт Нара од Хрватска.Работилницата е наменета за млади и професионалци во областа.Бранка Холингсворт Нара е родена во 1974 година и живее во Самобор. Дипломирала графичко обликување во Загреб, а постдипломски студии за илустрации за деца и млади завршила на […]
Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ќе ја организира на 25 мај во Музејот на град Скопје. Конференцијата што ќе биде составена од два панела е дел од програмата на петтото издание на фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“.Каде […]
Без медиумите „Литера“ нема да биде тоа што е и нема да допре до повеќе деца и публика. Денес ги поканивме нашите пријатели од медиумите за да ги известиме за подготовките за новото издание на фестивалот. Разговаравме за темата на фестивалот, учесниците-гости на фестивалот, придружните програми, како и за состојбите со сцената за илустрација кај […]
Под мотото „Свет со љубов“, од 23 до 27 мај, во Музејот на град Скопје ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2023“. Во петте фестивалски дена ќе има богата програма за специјализирана публика, но и низа настани наменети за сите заинтересирани посетители на различна возраст. Една од […]
Вечерва во 18 часот во Градската библиотека ќе се одржи и презентација за историјата на македонската илустрација за деца, за што ќе зборуваат Софија Семенпеева-Трајановска и Сребра Ѓорѓијевска.