Категорија: Uncategorized
Без медиумите „Литера“ нема да биде тоа што е и нема да допре до повеќе деца и публика. Денес ги поканивме нашите пријатели од медиумите за да ги известиме за подготовките за новото издание на фестивалот. Разговаравме за темата на фестивалот, учесниците-гости на фестивалот, придружните програми, како и за состојбите со сцената за илустрација кај нас. Им благодариме на медиумите за поддршката што ја добиваме петта година по ред.