“Литера” е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца во чии рамки се одржуваат широк спектар активности наменети за различни целни групи – стручната јавност, издавачките куќи (литература за деца и млади), децата од школска и претшколска возраст, родителите, илустраторите и книжевниците.
Квалитетната литература за деца е од исклучително значење за развојот на идните генарации и градење современото мултиетничко и инклузивно општество. Една од главните цели на „Литера“ е токму популаризација на литературата за деца и млади и подигнување на свеста кај родителите и децата за важноста која таа го има за правилниот интелектуален, но и емоционален развој.