Категорија: Uncategorized
Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“ распишува конкурс за македонски илустратори, како дел од програмата на 4. издание. На повикот имаат право да се пријават македонски илустратори, а темата е „Дом без граници“. Илустраторите може да испраќаат илустрации за деца работени во сите техники. Секој автор може да учествуваат со најмалку две или повеќе илустрации скенирани во jpg формат (max 10 MB). Селектираните дела, финално ќе се испраќаат во pdf (max A3, CMYK, 300dpi).
Авторите треба да ги испраќаат своите трудови индивидуално, на следнава e-адреса: litera.opencall@gmail.com. Повикот е отворен до 30 јуни.
Целта на конкурсот е реализација на изложба на македонска современа илустрација и претставување на авторите учесници на повеќе фестивали во странство. Во периодот септември – декември 2022 фестивалот „Литера“ ќе реализира неколку изложби на илустрација во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Италија.
Селекцијата на илустрациите ќе ја прават професори по илустрација. Имињата ќе бидат објавени по пристигнивање на делата.
Фестивалот за селектираните автори ќе изработи каталог за претставување со кратка биографија и пристигнатите дела.