Во 2020 година, ние се зафативме со голем подвиг, што не го направиле ниту национални установи од областа уметноста, а тоа е да организираме прва изложба на илустрации на великанот на македонската ликовна уметност – Димитар Кондовски. Во објектот на Националната галерија – „Мала станица“, се изложени повеќе од 200 дела на Кондовски – негови илустрации за книги, учебници, списанија објавени во земјава, но и пошироко.
На наша голема радост, изложбата предизика огромен интерес и поради тоа, раководството на Националната галерија одлучи да ја продолжи изложбата за уште две недели, односно до 15 ноември. Големиот потфат да се организира вака значајна изложба значеше голем чекор за тимот на фестивалот, кој во соработка со семејството Кондовски, овозможи што е можно повеќе љубители на уметноста да уживаат во ремек-делата.