Се наоѓате во:

Почетна „ШТО СÈ“ – РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЛУСТРАЦИЈА СО НИКОЛИНА МАНОЈЛОВИЌ ВРАЧАР ОД ХРВАТСКА

Категории

„ШТО СÈ“ – РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЛУСТРАЦИЈА СО НИКОЛИНА МАНОЈЛОВИЌ ВРАЧАР ОД ХРВАТСКА

Дата: 18th May, 2023

Категорија: Uncategorized

26 МАЈ, ПЕТОК

„ШТО СÈ“ – РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЛУСТРАЦИЈА СО НИКОЛИНА МАНОЈЛОВИЌ ВРАЧАР – ХРВАТСКА / 17 часот

„Што сè – илустрирана енциклопедија на глаголи“ е темата на ликовната работилница што ќе ја одржи Николина Манојловиќ Врачар, мултимедијалната уметница од Хрватска, во рамките на 5. издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2023“.

Манојловиќ Врачар ќе ги води учесниците да го истражуваат ликовниот јазик барајќи инспирација во глаголите.

– Со фокус на глаголите, ликовноста добива сосема нови облици, а оној што ги создава го изложува на збунетост, но и на креативна слобода. Тушот како ликовна техника која дава отпор на контролата ќе помогне во истражувањето на таа слобода – најавува Манојловиќ Врачар.

Николина Манојловиќ Врачар е родена во 1976 година во Загреб. Во 2001 година дипломирала сликарство во класата на проф. А. Рашиќ, на наставниот оддел на Академијата за ликовни уметности. Статусот на самостојна мултимедијална уметница го стекнала излагајќи самостојно и на групни изложби, работејќи ленд-арт, урбани интервенции и перформанси. Голем дел од времето го посветува на работа со деца. Од 2006 година пишува сценарија и ја води емисијата „Катчето на Нина“ на ХРТ, во рамките на програмата за деца и млади. Специјализирала креативна терапија, насока арт-терапија на Универзитетот „Јосип Јурај Стросмајер“ во Осиек.

Место: Музеј на град Скопје

Време: 17 часот

Местата се ограничени!

Пријавете се на линкот: https://forms.gle/oXMGsZQdqnN9usQt8