Вистинскиот бисер на ЛИТЕРА 2019, настан кој кај многумина предизвика носталгија и со кој барем за кусо се вративме во минатото е ретроспективната изложба на македонската илустрација до 1990 година.
Посетителите имаа ретка можност да погледнат дел од националното културно богатство, дела кои ги краселе страниците на детските списанија, книги, учебници, илустрации со кои пораснаа многу генерации. Квалитет, уникатен ликовен ракопис и колорит кои ги разбудија спомените.
Создадени во време кога дигиталниот свет не постоел и кога сè е креирано со човечка рака и многу трпение, овие дела се вистинско национално богатство темели од кое секој може да се едуцира и развива.