Изберете јазик:

Се наоѓате во:

Почетна РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЛУСТРАЦИЈА СО БРАНКА ХОЛИНГСВОРТ НАРА ОД ХРВАТСКА

Категории

РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЛУСТРАЦИЈА СО БРАНКА ХОЛИНГСВОРТ НАРА ОД ХРВАТСКА

Дата: 17th мај, 2023

Категорија: Uncategorized

Како од песна да направите илустрација? Низ овој невообичаен предизвик ќе ве води фантастичната илустраторка Бранка Холингсворт Нара од Хрватска.
Работилницата е наменета за млади и професионалци во областа.
Бранка Холингсворт Нара е родена во 1974 година и живее во Самобор. Дипломирала графичко обликување во Загреб, а постдипломски студии за илустрации за деца и млади завршила на Школата за дизајн и уметност при Универзитетот ЕИНА во Барселона. Работи како самостојна илустраторка на учебници, книги за млади, сликовници и корици за книги, авторка е на плакати и промотивни визуелизации и раководителка на стрип-работилница за млади. Со илустрација за деца се занимава повеќе од 20 години.
Време: 17 часот
Локација: Креативен корнер
Времетрање: 120 минути

Пријавете се на линкот: https://forms.gle/AtUekAcKJAMiVeGy7
Mестата се ограничени!