Цртањето ја поттикнува имагинацијата и креативноста кај децата и ги развива нивните моторички вештини. Една работа е подобра од цртањето, а тоа е цртање во друштво под отворено небо. Според психолозите, погрешно е мислењето дека за цртање е потребна дарба или талент. Истражувањата укажуваат дека цртањето е основна човекова потреба за изразување и комуникација. Денес децата сè помалку ги користат своите прстиња заради таблетите и телефоните, а поради тоа имаат лошо организирани цртежи, а потоа и лош ракопис.