Се наоѓате во:

Почетна Изложба на Македонската Илустрација во Хрватска

Македонска Илустрација во Хрватска

Дом без граници

„Дом без граници“ се темата и слоганот под кои се реализираат сите активности на Фестивалот Литера  2022.

Живееме во време во кое сè помалку се фокусираме на топлината на домот, време кое ни поставува многу ограничувања, време во кое секојдневно некој некаде се сели, во кое војната постојано им одзема домови на илјадници деца. Ова е време со многу врева a осаменоста е најгласна. Живееме во време во кое децата се збунети што е ДОМ, време во кое им ја одземаме слободата да бидат деца.

Слоганот „Дом без граници“ е потсетување дека домот не познава граници, дека домот го носиме со нас насекаде и дека можеме да го отвориме ширум за сите.

Домот е во срцето, во сјајот на детските очи, во слободата.

Слободата е еднаква на фантазија. А фантазијата и нејзината волшебна моќ за миг не носат низ возбудлив и смел колорит на илустрациите.

Линијата како основа на секоја илустрација лесно и игриво се движи низ површината. Низ илустрациите се гледа чистата творечка радост на цртањето и на сликањето. Уметниците низ нив откриваат други, поинакви, волшебни внатрешни светови.

Во илустрацијата се можни сите чуда. Илустраторите, како и децата веруваат во волшебни светови, во кои домот е во секој од нас. Во тој и таков дом има радост и волшебни патувања.

Литера е дом за сите чуда во кои безусловно веруваме.