Жарко Туниќ е роден во Скопје во 1956 година. Завршил во Училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“, отсек графика во 1975 година и има студирано на ВПА во класата на професор Димитар Кондовски. Туниќ е долгогодишен ликовен уредник и илустратор во списанијата Росица, Другарче, Развигор и Наш свет, а има работено и на повеќе изданија на издавачките куќи „Детска радост“ и „Просветно дело“. Неговите илустрации се дел од голем број списанија, книги и сликовници за деца. Учесник е на изложби во државата и во странство. Добитник е на повеќе домашни и странски награди.