Се наоѓате во:

Почетна Илустрација Литера галерија Томо Шијак

Томо Шијак

Томо Шијак (1930 – 1998) е роден на Косово Поле, но уште додека бил дете неговото семејство се преселува во Добрево, мало рударско место кај Пробиштип.По завршувањето на Втората светска војна се преселуваат во Скопје каде што Томо завршува средно уметничко училиште. Студирал на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, а бил на студиски престој и во Париз. Своето творештво го има претставено на повеќе самостојни изложби во земјата и во странство, а има учествувано и на повеќе групни изложби. Добитник е на втора награда на Есенскиот салон во Бања Лука (1977), Нерешки мајстори на изложбата на ДЛУМ (1986), Орден на трудот со сребрен венец од Претседателството на СФРЈ (1986), како и на престижната награда 11 Октомври за целокупното негово творештво.