Се наоѓате во:

Почетна Илустрација Литера галерија Томче Манески

Томче Манески

Томче Манески е роден во Прилеп во 1961 година. Во 1985 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности и графички дизајн при УКИМ во класата на професор Димитар Кондовски. Покрај со сликарство, уште од студентските денови активно се занимава со графички дизајн и илустрација за деца. Автор е на илустрации во повеќе сликовници, книги за деца, учебници, енциклопедии, списанија итн.w Од 1987 работи како ликовно – графички уредник во редакцијата на „Детска радост“. Ги уредувал и илустрирал страниците на списанијата за деца Росица, Другарче, Развигор и Наш свет. Неговите илустрации се изложувани на Светското биенале на илустрации во Братислава, Словачка, како и на други изложби во земјата и во странство.