Се наоѓате во:

Почетна Илустрација Литера галерија Ордан Манески

Ордан Манески

Ордан Манески e роден во Прилеп во 1936 година. Средно училиште за применета уметност завршил во 1954 година во Скопје. Студентските денови ги минал во Љубљана каде во 1961 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности кај професорот Божидар Јакац. Со графички дизајн почнува да се занимава по завршување на академијата. Од 1968 година е професор по графички дизајн во средното училиште за применета уметност во Скопје каде работи сè до пензионирањето. Автор е на повеќе илустрации за учебници, сликовници, лектири и книги за деца и возрасни. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство.