Се наоѓате во:

Почетна Илустрација Литера галерија Младен Туниќ

Младен Туниќ

Младен Туниќ (1930 – 1985) е роден во Скопје. Завршил во Училиштето за применета уметност. Бил долгогодишен ликовен уредник и илустратор на списанијата Росица, Другарче, Развигор и Наш Свет, како и на изданијата на „Детска радост“. Туниќ е доајен на современата илустрација за деца и стрипот во Македонија. Илустрирал огромен број списанија, книги и сликовници за деца. Изложувал на бројни изложби во Македонија и во странство, а за неговите дела е добитник на повеќе награди.