Се наоѓате во:

Почетна Илустрација Литера галерија Мирослав Вељковиќ – Мишо

Мирослав Вељковиќ – Мишо

Мирослав Вељковиќ – Мишо е роден во Скопје во 1953 година. Завршил Средно училиште за применета уметност, а потоа и Педагошка академија во класата на професор Ристо Калчевски. Има работено како дизајнер во „Алкалоид“ и во А.Д. „Комуна“, а седум години и како илустратор за изданијата на „Детска радост“ и „Просветно дело“. Член е на ДЛУМ од 1986 година. Има поставено седум самостојни изложби во Скопје, Прилеп и Битола. Учествувал на повеќе колонии меѓу кои во Тузла (БиХ), Прилипац (Србија), Струга (Македонија) Осојница (Македонија) и Карпино (Куманово, Македонија). Неговите дела биле дел од голем број групни изложби во Македонија, Србија, Норвешка, Египет итн.