Се наоѓате во:

Почетна Илустрација Литера галерија Димитар Божиков

Димитар Божиков

Димитар Божиков е роден во 1963 година во Софија. Дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 1986 година, отсек графика, во класата на Димитар Малиданов. Со детска илустрација се занимава уште од средношколските денови работејќи за во тоа време единствената издавачка куќа со таква намена „Детска радост“. Во 1988 година се вработува таму како ликовен уредник и работи на списанието за најмлади „Росица“ сè до 2017-та. Во меѓувреме е редовен учесник на познатите светски фестивали на илустрација во Болоња, Братислава, Лисабон, Белград итн.