Димче Исаиловски е сликар, графички дизајнер и илустратор. Роден е во 1960 година во Скопје. Во 1985 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во класата на професор Димитар Кондовски. Со илустрирање списанија и книги се занимава од 1986 година. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Има реализирано 24 самостојни изложби во повеќе држави. Член е не ДЛУМ и ДЛУПУМ од 1986 година.