Александар Каевски (1932 – 2000) е роден во Скопје. Завршил во Училиштето за применета уметност. Бил долгогодишен ликовен уредник и илустратор на списанијата Росица, Другарче, Развигор и Наш Свет, како и уредник на издавачка дејност во „Детска радост“. Каевски илустрирал голем број списанија, книги и сликовници за деца. Учесник е на изложби во земјата и во странски и добитни е на повеќе награди.