ЦВЕТКОСКИ, Александар (Скопје, 25. В 1935) – илустратор, дизајнер, сликар, графичар, значаен во формирањето на визуелната култура и нарација кај најмладите, унив. професор. Дипломирал на Академијата за ликовни уметнос- ти во Љубљана (1961). Работел како илустратор и уредник во издавачката куќа „Детска радост“. Основач на списанието за деца „Росица“. Изработил повеќе од 10.000 илустрации за книги и детски списанија во Македонија („Другарче“, „Развигор“, „Наш свет“, „Гезими“ и „Фатоси“; во СФРЈ: „Дечје новине“, „Радост“, „Полетарац“, „Зека“, „Цицибан“, „СМИД“, „Кекец“, „Куш“). Ликовно обликувал енциклопедии, џиновски сликовници, книги. Класичниот реалистичен третман со нагласена линеарна ритмичност во цртежите и едноставниот дизајн се негов предизвик во лесниот пристап до содржините и новите информации.