Се наоѓате во:

Почетна Илустрација Илустратори учесници 2019 Здравко Гиров

Здравко Гиров

Здравко Гиров е роден на 12.08.1978 година во Скопје, Р. Македонија. Професионално почнува да се занимава со илустрирање на детски сликовници, неделни и месечни детски и тин магазини и книги во 2003 година. Оттогаш неговото творештво брои над 1.000 илустрации за деца. Креатор е на стрип каишот за деца „Осминки“ кој седум и пол години беше издаван на неделна основа во тин магазинот „Наш Свет“. Меѓу делата кои може да се вбројат во неговиот досегашен опус се и илустрираните книги на Билјана Црвенковска – „Сонот на Дедо Мраз“, „Супервештерка, мачката и шесте волшебни колачиња“, „ТКЦП: Канџа во мракот“ и „ТКЦП: Дворецот на илјада мачки“ во издание на Арс Ламина. Повремено соработува со српската издавачка куќа „Пчелица“ за која до сега ги има илустрирано книгите на Б.Х. Косорич – „Александар Велики, господар света“ и „Клеопатра, легенда о љубави“.