Венди Верниќ е една од најдобрите илустраторки за деца во Хрватска. Родена е во Загреб во 1991 година. По завршувањето на Училиштето за применета уметност и дизајн, студира графика на Академијата за уметности во Загреб, каде дипломираше во класата на професорот Свејтлан Јунаковиќ. Како студент на размена на програмата Erasmus, еден семестар престојуваше на Accademia di Belle Arte во Венеција. Има изложувано на самостојни и групни изложби во Хрватска и во странство. Добитник е на престижните награди на Саемот за детска литература во Болоња (2018), Morse Illustration Festival во Москва (2017) и Notte di Fiaba Illustration Contest во Рива ди Гарда (2017). Во моментов живее и работи во Загреб како freelance илустратор, дизајнер и визуелен артист.