Се наоѓате во:

Почетна Илустрација Илустратори учесници 2019 Ване Костуранов

Ване Костуранов

Ване Костуранов е роден во 1979 година во Струмица. Уште во детството повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики отколку со зборови. Неговата најголема желба – никогаш да не порасне, реши да си ја оствари сам, употребувајќи ги сликарството и илустрацијата како жива ограда од светот на возрасните. Својот светоглед го има споделено на повеќе изложби во земјата и во странство. Неговата прва сликовница „Ѕвездено дете“ доби награда за најдобро ликовно-графички уредено издание на Саемот на книга 2018. „Девојче и мече“ е негова втора сликовница за деца и возрасни.