Ана Кадоиќ е родена во 1974 година во Загреб, Хрватска. По дипломирањето на Академијата за ликовни уметности во родниот града, во 2001 заминува на постдипломски студии на Rijksakademie van Beeldende Kunsten во Амстердам. Од 2003 активно се занимава со илустрација за деца. Соработува со многу издавачи од Хрватска и Холандија и до сега има илустрирано над 40 сликовници и учебници. Од 2011 влегува во светот на анимираните филмови. Врз основа на нејзините сликовници се создадени филмовите Skriveni talent (2013), Bijela vrana (2017) и Crvena jabučica (2018). Добитник е на бројни награди како наградата „Овца во кутија“ за илустрациите во сликовницата „Семафор“, додека за сликовницата Crvena jabučica е одликувана од Хрватското здружение на книжевници за деца и млади. Два пати е добитник и на наградата „Григор Витез“.