Маја Џеповска

Home > Учесници > Маја Џеповска

По дипломирањето на Академијата за ликовни уметности во Скопје, во 2015 година, учествува на 9 групни изложби, а добитник е на наградата „Топ-10“, која ја доделува саемот за уметност „Паратисима“ од Скопје. Од 2015 година одржува работилници за деца и преку игра ги воведува во уметноста. Го истражува светот на муралите и досега има завршено 10. Од 2017 активно се занимава со илустрација и анимација за деца. Соработува со издавачи од Македонија, Финска, Кина, Јапонија и САД. Има работено на повеќе детски анимирани филмови, сликовници и боенки. Моментално работи на проектот „Светот на Биби“.