Александар Сотировски

Home > Учесници > Александар Сотировски

Александар Сотировски (Битола, 1971 година) е македонски илустратор, аниматор и стрип цртач кој на сцената е активен веќе 30 години. Неговите дела се објавени за еминентни издавачи на книги и стрипови во голем број држави низ светот, како што се „Oxford University Press“, „Cambridge University Press“, „Badger Publishing“ „Rising Stars“, „Barrington Stoke“, „Person Longman“, „Delta Publishing“, „Macmillan“, „Capstone Press“, „Franklin Watts“, „Penguin Random House“, „Puffin Books“, „Six Red Marbles“, „Disney“, „Dreamworks“, „IMAGE COMICS“, „ASYLUM PRESS“, „RODEO“, „DABEL BROTHERS“, „SOLEIL“, „STORY AND MEDIA“. Сотировски има работено и на концепти за игри за неколку компании во САД и Германија, на сторибордови за пет долгометражни филмови и над 500 ТВ реклами. Од 1994 година живее и работи во Скопје.