Здравко Гиров

Home > Учесници > Здравко Гиров

Здравко Гиров е роден на 12.08.1978 година во Скопје, Р. Македонија. Професионално почнува да се занимава со илустрирање на детски сликовници, неделни и месечни детски и тин магазини и книги во 2003 година. Оттогаш неговото творештво брои над 1.000 илустрации за деца. Креатор е на стрип каишот за деца „Осминки“ кој седум и пол години беше издаван на неделна основа во тин магазинот „Наш Свет“. Меѓу делата кои може да се вбројат во неговиот досегашен опус се и илустрираните книги на Билјана Црвенковска – „Сонот на Дедо Мраз“, „Супервештерка, мачката и шесте волшебни колачиња“, „ТКЦП: Канџа во мракот“ и „ТКЦП: Дворецот на илјада мачки“ во издание на Арс Ламина. Повремено соработува со српската издавачка куќа „Пчелица“ за која до сега ги има илустрирано книгите на Б.Х. Косорич „Александар Велики, господар света“ и „Клеопатра, легенда о љубави“.