Маја Веселиновиќ

Home > Учесници > Маја Веселиновиќ

Маја Веселиновиќ живее во Белград каде има дипломирано на Факултетот за дизајн, отсек графички дизајн. Од 2001 година работи како freelance илустратор, дизајнер и стрип цртач. Илустрира книги, магазини и едукативни изданија за деца за реномирани издавачи. Нејзини дела се објавени во специјализирани магазини за дизајн и стрип антологии како PRINT Magazine (САД), Curvy (Австралија), InguineMah!gazine, Internazionale (Италија), Graffiti 76 Quadrinhos (Бразил), Göoo magazin, The Ark Project (Аргентина) и др. Веселиновиќ до сега имала 13 самостојни и учествувала на 50 колективни изложби во голем број земји. Добитничка е на домашни и меѓународни признанија меѓу кои би ги истакнале „Невен“ за најдобра илустриран книга (Uljezi, Fabrika knjiga, 2016), Grand Prix и специјална награда за иновација на Меѓународниот салон за стрип во Београд во 2004 година, а во 2008 година беше прогласена за еден од 12-те најинтересни илустратори во Европа.